Тотнем го загуби и третиот меч под водство на Игор Тудор, овојпат беа поразени на свој терен од Кристал Палас со 3-1 и дојдоа на бод до позициите кои водат во понизок ранг.
Мечот почна добро за Тотнем, во 34. минута Соланке донесе водство, во тие моменти се чинеше дека конечно ќе дојдат подобри резултати за Спарс, но реалноста брзо им се случи.
Три минути подоцна Ван де Вен направи прекршок за пенал и доби црвен картон, тоа беше клучниот момент на натпреварот.
Сар го реализираше ударот од белата точка за израмнување на 1-1.
Во судиското продолжение од првиот дел Кристал Палас даде уште два гола, еднаш погоди Ларсен, па потоа Сар го постигна својот втор гол за конечни 1-3.
Тотнем има само еден бод повеќе од екипите кои испаѓаат во Чемпионшип, а во наредното коло му гостуваат на Ливерпул.
Тудор е под голем притисок, кога дојде на функцијата даде изјава дека сигурно ќе опстанат во Премиер лигата, но…