Лоши вести за колегата, а добри за Столе: Македонецот ќе брани за Валенсија до крајот на сезоната

by 24 фудбал
1 минути читање

Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски ќе добие поголема улога во Валенсија до крајот на сезоната, откако неговиот конкурент Хулен Агирезабала заработи сериозна повреда.

Шпанскиот чувар на мрежата ќе мора на операција на левото колено и поради тоа нема да биде во комбинација за настап во преостанатиот дел од сезоната.

Тоа значи дека Валенсија ќе се потпре на Димитриевски на голот во наредниот период. Македонскиот голман претходно беше во втор план поради клаузула во договорот за позајмица на Агирезабала од Атлетик Билбао, но по повредата ситуацијата во клубот значително се промени.

Димитриевски досега оваа сезона има 12 настапи за Валенсија во сите натпреварувања, при што прими 12 голови и петпати ја сочува својата мрежа недопрена.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×