Поранешниот германски голман Георг Кох почина денеска по тешко боледување на 55-годишна возраст, потврди неговиот поранешен клуб, Динамо Загреб.
Неговата голема битка со ракот на панкреасот започнала пред три години, кога лекарите му давале прогнози од само шест месеци живот.
Сепак, Кох не се предавал и храбро се борел, но за жал, денес попладне престанало да чука срцето на некогашниот миленик на навивачите на Динамо.
Кох е роден на 3 февруари 1972 година. Сениорската кариера ја мина во Фортуна од Диселдорф, ПСВ, Арминија, Кајзерслаутерн, Котбус, Дуизбург, Динамо и Рапид од Виена, како и во Херфорд, каде што во 2009 година ја заврши кариерата.
Во Загреб помина само една сезона (2007/08), но и тоа беше доволно за да остане запаметен кај навивачите.
Јавноста дозна за неговата болест во средината на 2024 година, кога за германските медиуми откри дека боледува од рак на панкреасот.
Тогаш изјави дека неговата последна желба е уште еднаш да ги посети сите клубови во кои настапувал. За жал, поради лекувањето, не успеа во својата намера.