Шпанските медиуми пишуваат дека во редовите на Реал Мадрид избил внатрешен конфликт, а во центарот на вниманието е повредата на францускиот напаѓач Килијан Мбапе.
Како што е познато, Мбапе мака мачи со повреда на коленото, а неговиот најблизок тим е незадоволен од можноста тој да се врати на теренот предвреме. Според информациите што доаѓаат од таборот на фудбалерот укажуваат на далеку посериозна медицинска состојба од онаа што ѝ се презентира на јавноста.
Новинарот Антон Меана од „Кадена СЕР“ открива дека „левиот заден вкрстен лигамент на играчот е на граница на издржливост“, што е значително потешка дијагноза од „истегнување“, како што официјално соопшти клубот.
Ќе потсетиме, Реал Мадрид во вторникот објави соопштение во кое се наведува дека по тестовите извршени од француски специјалисти, под надзор на медицинската служба на клубот, е потврдена дијагноза, истегнување на левото колено и препорачано е конзервативно лекување. Од клубот додадоа дека се очекува понатамошен развој на ситуацијата.
Сепак, Меана нуди поинаква перспектива, тврдејќи дека повредата е навистина сериозна. Главната причина за претпазливоста на неговите соработници е претстојното Светско првенство 2026.
Со оглед на тоа што до почетокот на турнирот има уште околу 100 дена, претставниците на Мбапе сметаат дека тој не смее да изгуби ниту еден ден од правилната рехабилитација.