Клоп се враќа на клупата, но прави шокантен избор?!

by bojan
1 минути читање

Медиумите од Шпанија пренесуваат за можноста Јирген Клоп повторно да седне на тренерско столче, Германецот се поврзува со клупата на Атлетико Мадрид.

Изминатиов период повторно се појавија гласини за иднината на Јирген Клоп, се говореше дека тој ќе ја напушти својата позиција на „глобален раководител на фудбалот“ во клубовите под капа на Ред Бул, наводно „биковите“ не биле задоволни од неговата работа.

Но иако набрзо пристигна демант, медиумите продолжуваат да шпекулираат за тоа кој може да биде следниот ангажман на Германецот.

Последните информации од Шпанија говорат за можноста Јирген Клоп повторно да седне на тренерското столче.

Но изборот би бил шокантен, во емисијата „Ел Чирингито“ се разговараше за можноста тој да го презеде кормилото на Атлетико Мадрид.

Веќе неколку дена има преговори, процесот е директно воден од Марк Руан, генералниот извршен директор на Аполо, новиот сопственик на Атлетико.

Јирген Клоп, кој исто така е на мета на Реал Мадрид и наводно ги одбил „кралевите“, бил прилично привлечен од проектот и идејата да ги предводи „колчонероси“.

Се прави и паралела помеѓу претходните избори, односно тоа што во Германија беше тренер на Борусија Дортмунд наместо на Баерн Минхен, во Англија беше тренер на Ливерпул а не на Манчестер Сити или Манчестер Јунајтед… па следниот избор да му биде кормилото на Атлетико Мадрид, а не на Реал Мадрид.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×