Андре го шокираше Ливерпул во 94. минута, победа за Вулвс! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Вулверхемптон е најслабиот тим во лигата, но така не изгледа кога игра против најсилните, денеска со гол во самиот финиш го победи Ливерпул со 2-1.

Откако му зема бод на Арсенал и ја победи Астон Вила, денеска на менито на волците беше и Ливерпул.

Немаше голови се до 78. минута кога Гомеш постигна гол за водство на Вулвс од 1-0, но пет минути подоцна Салах го изедначи резултатот на 1-1.

Во тие моменти се чинеше дека Ливерпул има време да направи пресврт и да дојде до победа, но наместо тоа се случи шок.

Андре даде гол во 94. минута за победа на Вулвс од 2-1.

Во другите натпревари од Премиер лигата кои се играа денеска, Евертон со 2-0 го победи Барнли, Сандерленд со 1-0 славеше на гостувањето кај Лидс, немаше голови на дуелот меѓу Борнмут и Брентфорд.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×