Брегалница: Судијата Величков имаше една цел – ние да не победиме!

by riste
1 минути читање

Брегалница не успеа да победи на гостувањето кај Тетекс, мечот заврши без голови, штипјани пропуштија голема шанса, не ги искористија во целост поразите на Шкендија Арачиново и Охрид.

Прстот го вперија во судијата Боби Величков, Брегалница смета дека тој е најголемиот виновник што не ги освоиле трите бода.

Штипскиот клуб излезе со соопштение во кое ги потенцира судиските грешки. Соопштението ви го пренесуваме во целост:

„Во текот на првенството досега никогаш јавно се немаме пожалено на ниту една одлука, но денес судијата Боби Величков имаше една цел – по секоја цена Брегалница да не си оди од Тетово со победа.
1) Во 10′ при прем на топка од страна на Аљбан Мемеди и потенцијална шанса за Брегалница, судијата суди фаул за домаќините.
2) Во 68′ при пробив на Стефан Коцев, нашиот играч грубо е повлечен за дрес, навидум чист жолт картон. Судијата не досуди ниту фаул за Брегалница.
3) Во 85′ чист пенал над Стефан Коцев (видео). Судијата Величков повторно остана нем!
4) На мечот имаше 10 измени во второто полувреме и 8-10минутен прекин при повреда на Виктор Серафимовски, каде што амбулантното возило мораше да влезе на терен. Судијата Величков го продолжи мечот со САМО 5 МИНУТИ!
!!! Натреварот се играше со 1 (една) топка, при секој прекин, времето одминуваше, а часовникот на Величков уште побргу вртеше !!!
Натпреварот иако заврши 0:0, сепак на крај имаше победник, тоа беше главниот судија Боби Величков!“,
се вели во соопштението.

Во прилог имаат и неколку видеа:

Можно е и ова да ти се допаѓа

×