Матеуш Мане од Вуверхемтоне новата млада ѕвезда на „островото“, офанзивниот фудбалер е во бележникот на неколку клубови и се шпекулира дека Вулверхемптон бара 50 милиони фунти за неговите услуги.
Вулверхемптон има очајна сезона и со една нога веќе е во втора лига, но неколку играчи блеснаа со своите партии и го привлекоа вниманието на гигантите.
Еден од нив е 18 годишниот Матеуш Мане, кој редовно е следен од скаути на Манчестер јунајтед, Ливерпул и Арсенал.
Па „волците“ сакаат да го искористат големиот интерес за дебело да наплатат и поставија цена од 50 милиони фунти.
Интересно, Матеуш Мане пред две години играше во петта лига, односно беше дел од тимот на нисколигашот Рокдејл на меч против Даг & Ред.
ФОТО: X/Wolves