Оливие Жиру доби мал час по историја на синоќешното гостување во Белград, напаѓачот на Лил праша кој е играчот кој на колена го фрли Марсеј во финалето во Лигата на шампиони во 1991 година.
Лил синоќа со 0-2 славеше на гостувањето кај Црвена звезда во Лига Европа и се пласираше во осмина-финале.
Па Оливие Жиру, кој беше стрелец на првиот гол, во релаксирана атмосфера ja разгледуваше внатрешноста на стадионот „Рајко Матиќ“ и историјата на Црвена звезда.
Напаѓачот во еден момент застана пред сликата на која Дарко Панчев го постигнува голот за победа во финалето на Лигата на шампиони (тогаш Куп на европски шампиони) против Марсеј, и праша: „Кој е тој?“
Му беше објаснето дека станува збор за Дарко Панчев и дека популарната „кобра“ бил и играч за Интер, клубот кој му беше градски ривал додека Оливие Жиру настапуваше во Милан.