Со тежок пораз во Турција заврши европската бајка на Шкендија (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Шкендија не успеа да приреди сензација на гостувањето во Турција и со убедлив пораз од 4-0 против Самсунспор стави точка на својата европска приказна сезонава.

По минималниот пораз од 1-0 во Скопје беше јасно дека тетовци ги очекува исклучително тешка мисија, а турскиот претставник и на домашен терен потврди дека е поквалитетен ривал. Во првото полувреме Шкендија одолеваше и успеа да ја сочува својата мрежа, но отпорот беше скршен веднаш по паузата.

Во раната фаза од вториот дел Нтчам беше сигурен од белата точка и го отвори резултатот. Како што одминуваше времето, домаќините целосно ја презедоа контролата, па на дваесетина минути пред крајот Ндиаје зголеми на 2-0, а до крајот двоен стрелец за конечниот резултат беше Мариус.

И покрај елиминацијата, Шкендија може да биде задоволна од европскиот настап, откако стигна до плеј-оф фазата за осминафинале , резултат што носи значајни бодови за клупскиот и националниот коефициент. За тимот предводен од Јетон Беќири сега фокусот целосно се префрла на домашната сцена, каде ги очекува жестока трка за шампионската титула со Вардар и Струга.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×