Само Мурињо го може тоа – откриено е од каде Португалецот го следеше мечот против Реал! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Жозе Мурињо беше суспендиран за вчерашниот реванш натпревар меѓу Реал Мадрид и Бенфика, но многумина очекуваа дека ќе го видат Португалецот на трибината на Сантијаго Бернабеу, сепак не беше така.

Во Реал Мадрид дури му подготвиле радио врска од местото каде што требало да седи во ложата со цел да може да комуницира со клупата на Бенфика, но Мурињо не се качил на трибината.

Познатиот новинар Гилем Балаг објави дека според португалскиот весник „Рекорд“, Мурињо останал во автобусот на Бенфика со кој пристигнал на Бернабеу и од таму го следел мечот и веројатно давал инструкции.

На Мурињо не му е првпат од автобус да следи меч на негов тим кога е суспендиран. Таков случај имаше и во Рома на гостување кај Интер. Португалецот дефинитивно е посебен, никој друг тренер не прави вакви работи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×