Легендата на Барселона, Чави Ернандез би можел наскоро да стане селектор и тоа на селекција која ќе настапи на Светското првенство оваа година.
Деновиве стигнаа информациите дека Валид Реграги повеќе не е селектор на Мароко, но официјално известување за негово заминување уште нема.
Како и да е, веќе се споменуваат кандидатите за негов наследник, а меѓу имињата е и Чави Ернандез.
Наводно и самиот Чави бил заинтересиран да ја преземе репрезентацијата на Мароко, настапот на Светското првенство го гледа како предизвик.
Како грев на Валид Реграги кој ги однесе Мароканците на Мундијалот, му се препишува неуспехот на Африканскиот куп на нации каде Мароко беше домаќин, но не успеа да го освои турнирот откако во финалето загуби од Сенегал.
Мароко на Светското првенство е во група со Бразил, Шкотска и Хаити.