23
Атлетико Мадрид не дозволи изненадување, со 4-1 го победи Клуб Бриж и се пласира во следното елиминационо коло од Лигата на шампионите.
Мечот во Бриж заврши нерешено 3-3, но во Мадрид, Атлетико покажа кој е кој.
Главен играч на мечот беше Сорлот кој постигна хет-трик, еден погодок беше дело на Кардозо.
Голот за Клуб Бриж го даде Ордонез кој изедначи на 1-1. Но во вториот дел белгискиот клуб доживеа дебакл.