Италијански судии ќе ѝ судат на Шкендија во реваншот против Самсунспор

by Стефан
1 минути читање

Познати се судиите за реванш дуелот во нокаут фазата од плеј-офот на Лигата на Конференции, каде што Шкендија ќе гостува кај Самсунспор во четврток од 18:45 часот во Самсун.

Главен судија на овој важен натпревар ќе биде Италијанецот Симоне Соца, кој ќе има поддршка од своите сонародници Давиде Империале и Алесио Берти како асистенти, додека четврти судија ќе биде Кевин Бонацина.

Италијанци ќе бидат и во ВАР собата: Валерио Марини и Даниеле Довери, кои редовно судат во Серија А и на големите европски натпревари.

Соца, кој има 38 години, оваа сезона судеше на некои од најважните натпревари, вклучително и во Лигата на шампиони, како и на Суперкупот на Италија помеѓу Интер и Милан (2-3).

Ќе потсетиме, на првиот меч во Скопје, кој се одигра минатиот четврток, Самсунспор ја однесе победата со 1-0, така што Шкендија ќе има тежок предизвик на реваншот ако сака да се пласира понатаму.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×