Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта вели дека односот со Лео Меси е нарушен и откри дека Аргентинецот не сакал да се поздрави на гала церемонијата за „Златната топка“ во 2023 година.
Жоан Лапорта летото во 2023 година повлече болен потег, му дозволи на Лео Меси да го напушти Камп Ноу и покрај тоа што претходно си подаде рака со Аргентинецот за продолжување на соработката.
Претседателот на Барселона сега признава дека неговиот однос со Лео Меси е нарушен и откри дека „добил корпа“ од напаѓачот.
„Односот не е како што беше. Имаше еден инцидент на гала церемонијата за „Златната топка“, пријдов да се поздравам со него, а тој не сакаше да пружи рака“ – вели Лапорта.
„Односот е нарушен, но тој е легенда на Барселона, па ќе почитувам што и да направи“.
ФОТО: X/FC Barcelona