Срамни сцени на дербито на Северен Лондон: Деклан Рајс исмејуван со фотографија од сопругата (ФОТО)

by bojan
1 минути читање

Дербито на Северен Лондон донесе срамни сцени и инцидент кој отвори голема дебата на „островото“, навивач на Тотнем го извади својот телефон и се обиде на Деклан Рајс да му покаже фотографија од неговата сопруга.

Деклан Рајс подолго време добива злонамерни коментари, или поточно на удар е неговата сопруга Лорен Фрајер.

Таа има вишок на килограми, па често е линчувана на социјалните мрежи, пред неколку месеци беше приморана привремено да ги исклучи сите акаунти.

Но целата ситуација помина на едно посрамно ниво изминатиов викенд, односно на вчерашното дерби на Северен Лондон.

Кога Деклан Рајс се обидуваше да изведен корнер, навивач на Тотнем го извади својот телефон и се обиде на фудбалерот да му покаже фотографија од Лорен Фрајер, со намера да го испровоцира, но за среќа играчот на Арсенал не виде што се случува.

Лорен Фрајер можеби не е вообичаен профил на девојка кога се во прашање фудбалските ѕвезди, но тоа не му пречи на Деклан Рајс, кој минатата година рече: „Мојата сопруга е љубовта на мојот живот, и нема подобра за мене“.

ФОТО: X/Arsenal

Можно е и ова да ти се допаѓа

×