45
По двата нерешени резултати, лидерот во Премиер лигата, Арсенал се врати на победничките патеки откако денеска во градското дерби го совладаа Тотнем со 4-1.
За Игор Тудор кој пристигна како привремено решение на клупата ова не беше добро деби, меѓутоа и тешко можеше да се очекува дека нешто толку брзо може да промени. Резултатот беше отворен во 32. минута кога Езе постигна гол, само две минути подоцна Тотнем се врати Коло Муани стрелаше.
Со по еден гол на двете страни се замина и на паузата. Само што почна вториот дел, Ѓокереш донесе ново водство, а во 61. минута Езе со втор гол се погрижи за 3-1.
Точка на натпреварот стави Ѓокереш кој исто така постигна два гола во самата завршница.