Мурињо откри што му кажал на Винисиус и го навлече гневот на фановите на Реал Мадрид

by riste
1 минути читање

Тренерот на Бенфика, Жозе Мурињо откри што му рече на Винисиус по хаосот кој се случи откако го постигна победничкиот гол за Реал Мадрид.

Винисиус со начинот на прослава на погодокот го навлече гневот на фановите на Бенфика, а потоа и на фудбалерите по што настана голема мешаница по која се пожали на расистички навреди.

Но, ова не е првпат да му се случи нешто вакво на Винисиус, тој постојано е мета на расизам. Мурињо смета дека е проблематично однесувањето на Бразилецот, па затоа се случуваат сите тие мешаници.

„Кога тоа се случува на толку многу стадиони, секогаш со истиот фудбалер, тогаш нешто е погрешно, не сфаќам“, вели Мурињо.

„Му реков на Винисиус: Постигна гол… зошто го прослави така? Зошто не можеш да го прославиш голот само со среќа како голем фудбалер, нормално“.

„Зошто Вини не прославува како Ди Стефано, Пеле, Еузебио? Го давате тој супер гол и потоа… зошто?“.

„Ова секогаш се случува со него и тоа е единствената работа која не ја сфаќам. Бенфика не е расистички клуб, нашата легенда Еузебио беше црн играч. Овој клуб не е расистички“.

„Престијани ми кажа една работа, Вини ми кажа друга… па не сакам да завземам конретна позиција“.

Ваквиот негативен коментар на Мурињо за однесувањето на Винисиус го навлече гневот на фановите на Реал Мадрид на социјалните мрежи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×