Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта е убеден дека ќе ја освојат Ла Лига и покрај тоа што играат против се и против сите, и многу луѓе се обидуваат да ги сопнат.
Жоан Лапорта ја започна својата претседателска кампања, неговиот слоган е „Ајде да ја одбраниме Барса“, и во прилог му одат случувањата на синоќешниот натпревар против Жирона, кога судиите и ВАР останаа неми и покрај тоа што Ечевери го нагазна Кунде во акцијата по која домаќините стигнаа до победа од 2-1.
„И на теренот, и надвор од него има луѓе кои не сакаат да ја освоиме Ла Лига“ – вели Жоан Лапорта.
„Но сигурен сум дека ќе успееме. Секоја екипа има пад во формата, но јасно е дека некои го користат тоа за да се обидат да не урнат“.
„Очигледно играме против се и против сите, но имаме вистинско богатство во соблекувалната, мајсторски создадено од Деко и предводено од Флик“.
„Го познавам духот на тимот, разговарав со нив и тие се мотивирани да ги променат работите“.