Шпански новинар збесна: Побара Барселона да ја напушти Ла Лига!

by Стефан
1 минути читање

Шпанскиот новинар и деклариран симпатизер на Барселона, Јота Жорди, жестоко реагираше по вториот погодок на Жирона во поразот од 1-2, убеден дека на акцијата ѝ претходел очигледен прекршок кој останал несанкциониран и од главниот судија и од ВАР-собата.

Жорди отиде дотаму што повика каталонскиот клуб да се повлече од шпанското првенство, тврдејќи дека одлуките се носат во корист на Реал Мадрид. Во директниот пренос, видно револтиран, тој побара од тренерот Флик да ги повлече фудбалерите од теренот.

„Ова е неподносливо, сè е наместено за Реал Мадрид да победи. Флик, вади ги сите надвор! Да си одиме од теренот! Напуштете го теренот! Ова е срамота“, викаше Жорди во живо, реакција која брзо стана вирална.

По неколку минути, со посмирен тон, Жорди повторно ја повтори својата теза. Според него, сезоната за Барселона практично е завршена и, доколку тој бил на чело на клубот, би размислил за радикален чекор – напуштање на лигата.

„Оваа сезона е готова. Да сум јас претседател на Барселона, повеќе нема да се натпреваруваме во оваа лига. Дојде денот кога сите членови и навивачи на Барселона треба да кажат ‘доста е’. Навистина треба да побараме да се напушти ова првенство. Готово е, зборувам за целата сезона“, изјави Жорди.

Тој потенцираше дека ваквите ситуации не се нешто ново за каталонскиот гигант и дека, според него, титулата веќе е загубена бидејќи нема да ѝ биде дозволено на Барселона да ја освои.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×