Феенорд поради Стерлинг го пресели тренинг кампот во Белгија

by 24 фудбал
1 минути читање


Ангажманот на Рахим Стерлинг во Феенорд предизвика главоболки уште пред англискиот офанзивец да истрча на теренот во новиот дрес. Наместо класичен почеток и приклучување кон екипата, холандскиот тим мора да менува планови поради проблеми со документацијата.

Тренерот Робин ван Перси потврди дека екипата ќе се пресели во Белгија каде што ќе биде реализиран краток подготвителен камп. Причината е тоа што Стерлинг во моментов нема работна дозвола за престој и тренинг во Холандија, па единствен начин да почне со работа со новите соиграчи е надвор од земјата.

Во странство тоа е дозволено. Го правиме ова поради него, но истовремено сакам да работиме и на напредокот на целиот тим“, изјави Ван Перси.

Крилниот напаѓач ќе им се приклучи на тренинзите од вторник, но јасно е дека нема веднаш да биде на посакуваното ниво. Тој подолг период е без натпреварувачки ритам и ќе му биде потребно време повторно да влезе во форма.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×