54
Македонија ЃП ја прекина низата без победа, попладнево со 3-0 ја добија пресметката против Шкупи и освоија три важни бода во борбата за опстанок.
„Лавовите“ добро го отворија вториот дел од сезоната во ПМФЛ, по ремито кај Бребра, денеска триумфираа против Шкупи.
Македонија ЃП за половина час го реши скопскиот ривал, Хамзиќ Малик го отвори резултатот во 11. минута, аз Гереро да го лобува противничкиот голман за 2-0.
Најубавиот погодок на натпреварот беше дело на младиот Софијаноски, кој прекрасно погоди од далечина за 3-0 во 29. минута од мечот.