Арсенал за 15 минути го потопи Виган! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Тимот на Микел Артета со убедливи 4-0 го победи Виган и се пласираше во осминафиналето од ФА Купот.

Четирите гола Арсенал ги постигна во период од 16 минути.

Резултатот го отвори Мадуеке со гол во 11. минута од натпреварот, а го затвори Габриел Жесус со погодок во 27. минута.

Меѓу овие два погодока паднаа уште два, едниот на Мартинели во 18. минута, а другиот беше автогол на Хант во 23. минута.

Откако постигна четири гола и го реши прашањето околу победникот, Арсенал ја тргна ногата од педалата за гас, го намали темпото и рутински го одржа водството.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×