Тензија и инциденти на мечот меѓу Интер и Јуве – Спалети и Кјелини го нападнаа судијата! (ВИДЕО)

by riste
2 минути читање

Дербито на Италија меѓу Интер и Јувентус предизвика големи тензии, негодувања и инциденти, победата на нероазурите од 3-2 беше засенета од лошото судење.

Директорите на Јувентус, Џорџо Кјелини и Дамиен Комоли по дербито со Интер го искажаа бесот од судењето кое беше контроверзно и на штета на бјанконерите, а имаше и инцидент, обид за физичка пресметка.

Интер победи со гол на Зиелински во 90. минута кој реализираше за 3-2 и големи три бода во борбата за Скудетото, но мечот имаше лошо судење. Јувентус уште во првото полувреме остана со фудбалер помалку откако Калулу престрого доби втор жолт картон во 42. минута.

„Не можеме да зборуваме за фудбал по тоа што се случи на овој натпревар. Денеска се случи нешто тотално неприфатливо, не е важно дали ни се случи нас или на некој друг, неприфатливо е да се направат толку многу грешки на големи натпревари како овој“, рече меѓудругото Кјелини по мечот.

„Од почетокот на сезоната велиме дека судењето не е на потребното ниво, и за жал на овој спектакал му го покажавме тоа и на целиот свет. Се случува многупати оваа сезона, не смее ова да продолжи. Не се жалиме само ние, многу клубови се жалат“.

На Кјелини се надоврза и Комоли кој исто така не се штедеше со зборови.

„Ова што се случи денеска е срамно. Не смее да се случи повторно. Но, се случува постојано, денеска само беше збир на се што се случува оваа сезона. Ова е меч кој целиот свет го гледаче. Едноставно срамно“, рече Комоли.

Се случи и инцидент во кој тренерот Лучано Спалети и директорот Џорџо Кјелини жестоко вербално ги нападнаа судиите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×