Во Барса се бесни на судењето по дебаклот од Атлетико Мадрид!

by riste
2 минути читање

Барселона синоќа доживеа тежок пораз од Атлетико Мадрид каде загуби со 4-0 првиот полуфинален меч од Купот на Шпанија, Каталонците имаат многу замерки на судењето.

Многу контроверзен момент беше поништениот гол на Барса поради офсајд бидејќи проверката од ВАР траеше исклучително долго, им требаа 7-8 минути за да ја донесат одлуката.

На крајот голот беше поништен, а соопштението за оваа одлука беше чудно. Рачно се повлекувале линии бидејќи ВАР системот не работел на толку гужва.

„За време на анализата, беше утврдено дека системот генерирал грешка во моделирањето на играчите поради големата густина на фудбалери на мал простор. По неуспешниот обид за рекалибрирање на системот, ВАР тимот, следејќи го воспоставениот протокол, продолжи рачно да ги исцртува линиите за офсајд со цел да донесе конечна и правилна одлука. Поради оваа исклучителна причина, процесот на преглед траеше подолго од вообичаеното и спречи графичката реконструкција да се прикаже на телевизија, бидејќи САО Т(полуавтоматски офсајд) системот не можеше да се користи“, се вели во официјалното соопштение.

САОТ е алатка што му помага на ВАР да донесува побрзи и попрецизни одлуки за офсајд со одредување на релативната позиција на играчот во точниот момент кога е одиграна топката. Тоа е полуавтоматизирана технологија што користи вештачка интелигенција за да утврди офсајд.

Френки Де Јонг рече дека е скандал она што го виде при досудениот офсајд.

„Доколку тоа е сликата која ја видов и не е АИ, бидејќи овие денови никогаш не сте сигурни, тогаш тоа е скандал бидејќи е толку чисто“, рече Де Јонг.

Бесен беше и тренерот Ханси Флик.

„Судењето тука е ужас. Го видов тој офсајд и нема офсајд. Зошто им требаа седум минути за да проверат? Се обидуваа да најдат нешто за да го поништат голот. Немаше јасна комуникација“, рече Флик.

Во Барса сметаат дека се оштетени и за недосуден црвен картон за Атлетико Мадрид.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×