Поранешниот тренер на Тотнем, Анге Постекоглу вели дека „спарси“ не се голем клуб и открива дека побарал ангажман на играчи како Антоан Семењо, Педро Нето и Марк Геи но добил тројца тинејџери.
Тотнем оваа недела му врачија отказ на Томас Франк, кој едвај издржа 8 месеци на клупата на клубот од Северен Лондон, кој наместо да се бори за врвот е блиску до зоната за испаѓање, има само 5 бода повеќе од Вест Хем.
Во интервју за „Д Оверлап“, Анге Постекоглу даде свое видување за работите што се случуваат во „спарси“.
„Имаат изградено фантастичен стадион, фантастичен тренинг центар. Но ако ги погледнете трошоците, особено структурата на плати, тие не се голем клуб“ – вели стратегот од Австралија, кој во сезоната 2024/25 на Тотнем му го донесе трофејот во Лига Европа, што значеше и настап во Лигата на шампиони, но кратко потоа доби и отказ.
„Го знам ова, бидејќи кога се обидовме да ангажираме играчи, не можевме да ти добиеме тие правите играчи. На крајот од мојата прва година, кога финиширавме петти, прашањето беше, „Како да напредуваме?“ Едноставно, требаше да купиме играчи кои веднаш ќе се снајдат во Премиерлигата“.
„Петтото место не ни донесе настап во Лигата на шампиони, па немавме многу пари за трошење. И на крајот како засилување го добивме Доменик Соланке, кој апсолутно беше играч по мој мерак, навистина го сакав… но другите тројца беа тинејџери“.
„Ја сакав да ги ангажирам Педро Нето, Брајан Мбеумо, Антоан Семењо и Марк Геи, тие играчи не требаа за од петто место да одиме на четврто, трето… Секој друг голем клуб ќе ги ангажираше, но во Тотнем е друга приказната“.
Тој потоа за пример го посочи Арсенал: „Кога на Артета му треба играч, потрошија 100 милиони на Деклан Рајс. Не гледам дека Тотнем го прави тоа, барем не јас кога бев тренер, а и со моите претходници беше слично“.