Станковиќ: Еден ден сакам да се вратам во Интер!

by riste
1 минути читање

20-годишниот Александар Станковиќ не крие дека негова голема желба е да се врати во Интер и да заигра за првиот тим на италијанскиот гигант.

Александар е син на славниот Дејан Станковиќ кој остави белег во Интер.

Александар Станковиќ беше дел од акдемијата на Интер, но никогаш не дебитираше за првиот тим иако еднаш беше блиску до тоа.

На 1 октомври 2022 година, Станковиќ се најде во составот на Интер за мечот од Серија А против Рома, но остана на клупата како неискористена замена.

Во 2024 година беше позајмен на Луцерн, следната година беше продаден на Клуб Бриж каде што настапува и денес.

Интер има клаузула според која може да го откупи назад за 22 милиони евра во 2026 година и за 25 милиони евра во 2027 година.

Се работи за фудбалер кој настапува на позицијата дефанзивен играч од средниот ред.

„Мојот сон е да се вратам во Интер. Јас сум фан на Интер и го сакам клубот. Се надевам дека еден ден тоа ќе се случи“, рече Станковиќ.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×