213
Сцената стана вирална на социјалните мрежи, но и не е толку многу чудно што тоа се случи, Баерн Минхен го доби мечот со 2-0 против Лајпциг и се пласираше во полуфиналето од германскиот куп.
Течеше судиското продолжение, Баерн имаше предност од 2-0. Младиот напаѓач на Лајпциг, 20-годишниот Конард Хардер му засмета на Нојер при исфрлувањето на топката.
Легендарниот голман му нареди да оди и да му ја донесе топката, а Хардер без приговор го направи тоа. Истрча кон топката, ја зема и му ја даде на голманот на Баерн.
Neuer tells Conrad Harder to bring the ball back after committing a foul, which he does
by u/tightypp in soccer
Останува мистерија дали пресудно за овој потег беше авторитетот на Нојер или пак само фактот што Лајпциг губеше и бркаше резултат па Хардер побрза за прекинот да трае пократко.