Медиумите од Англија пишуваа за финансиските последици по Тотнем од одлуката да му врачи отказ на тренерот Томас Франк, стратегот од Данска убаво ќе заработи за 8 месеци работа.
„Спарси“ утрово решија да му врачат отказ на Томас Франк по серијата лоши резултати, чашата ја прели синоќешниот пораз од Њукасл.
Одлуката ќе има големи финансиски последици за Тотнем, и авантурата долга 8 месеци скапо ќе ги чини.
Клубот од Северен Лондон летоска на Брентфорд прво му плати околу 6,7 милиони фунти за да го ангажира стратегот од Данска.
Проектот со Томас Франк беше долгорочен, па тој доби тригодишен договор вреден околу 8 милиони фунти по сезона, тоа значи дека на стратегот до сега има инкасирано нешто над 5 милиони фунти, а „спарси“ да треба да му исплатат уште околу 19 милиони фунти.
Останува да се види дали има некоја клаузула со која Тотнем ќе може да заштеди десетици милиони и да помине со „ситно“ обесштетување.