Полицијата истражува сексуален напад, девојка се разбудила гола во домот на Ламин Јамал

by bojan
1 минути читање

Медиумите од Шпанија пренесуваат дека е отворена истрага за сексуален напад врз млада девојка од Холандија, под лупа е братот на Ансу Фати, а инцидентот се случил во домот на Ламин Јамал.

Каталонската полиција отворила истрага за сексуален напад од страна на Фатињо Џуниор, братот на Ансу Фати, кој оваа сезона игра на позајмица во Монако од редовите на Барселона.

Како што пренесува АБЦ, популарните Мосос Д’Есквадра реагирале по добиени информации дека девојка од Холандија завршила во болница на тестови.

Таа тврдела дека била допирана без нејзина согласност и се сомнева дека била жртва на сексуален напад со употреба на опојни супстанци откако се разбудила гола во домот на Ламин Јамал, а покрај неа во креветот лежел братот на Ансу Фати.

Во првичниот извештај исто така се наведува и дека била удрена со шлаканица.

Официјална пријава во овој момент не е доставена, но со оглед на дека се работи за сериозно кривично дело, е отворена истрага од страна на полицијата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×