Чурлинов еден од хероите на Кочаелиспор – влезе во игра и по 60 секунди асистираше за победнички гол! (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Maкедонскиот фудбалер, Дарко Чурлинов имаше уште еден одличен настап во дресот на Кочаелиспор кој денеска славеше над Кајзериспор со 2-1 во рамките од 21. коло од турската Суперлига.

Чурлинов не се најде на теренот од првата минута, меѓутоа кога доби прилика го покажа својот квалитет. Во игра нашиот репрезентативец влезе во 72. Минута и само една минута подоцна асистираше за Даниел Агеи кој стрелаше и ги постави конечни 2-1.

Ќе потсетиме, претходно Чурлинов одигра одличен натпревар во Купот на Турција каде што беше стрелец на два гола во дуелот против Ерзурумспор.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×