ГФК Осогово се пофали со најсернизниот спонзор досега, КБ Инвест АД Скопје со кој е продлабочено партнерството.
Кочанскиот клуб информираше дека е постигнат договор за продлабочување на соработката со КБ Инвест АД Скопје. Оваа компанија ќе стои и на дресовите на Осогово.

„Најголемото признание за потенцијалот на тимот како и макотрпната и предана работа на стручниот штаб и управата доаѓа кога некој што има беспрекорна репутација во областа на финансииите ќе ве препознае и ќе ви подаде рака.
Чест е да ги известиме сите наши навивачи и целата спортска јавност дека соработката која пред половина година започна со стандарна соработка во форма на реклама прерасна во партнерство во кое ГФК Осогово доби спонзор и партнер со беспрекорна репутација во македонската финансиска индустрија, а КБ Инвест АД Скопје ја доби централната рекламна позиција на дресот на кочанскиот миленик.
Новиот дрес во кој ГФК Осогово ќе настапува во претстојната година беше промовиран на ревијалниот хуманитарен натпревар со ФК Вардар Скопје.
Ви благодариме КБ Инвест, вашата доверба и подадена рака за нас е голема чест и мотивација за идни успеси.
Со почит,
Фудбалерите, стручниот штаб и управата на ГФК Осогово
АВАНТИ!“, стои во соопштението на Осогово.