Карерас и Мбапе стрелаа против Димитриевски, Реал ја доби Валенсија (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Столе Димитриевски и Валенсија вечерваа забележаа пораз на домашен терен во дуелот со Реал Мадрид кој од „Местаља“ си замина со победа од 2-0.

Првото полувреме не донесе голови, а во него видовме и една одлична интервенција на македонскиот голман кој го спречи Мбапе во тој момент да се запише во листата на стрелци.

Во второто полувреме Реал сепак успеа да го скрши отпорот на домаќините. Резултатот го отвори Карерас во 65. минута. Валенсија не успеваше сериозно да се закани и не упати ниту еден во рамките од голот на Куртоа, а триумфот на „кралевите“ го потврди Мбапе во судиското продолжение.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×