Една од најголемите НБА ѕвезди стана ко-сопственик на Челси!

by Стефан
1 минути читање

Ѕвездата на Милвоки Бакс, Јанис Адетокумбо, направи нов чекор надвор од кошаркарските терени и стана ко-сопственик на женскиот фудбалски клуб Челси.

31-годишниот грчки ас не ја криеше гордоста поради новата улога и јавно ја истакна својата поддршка за развојот на женскиот спорт.

„Историјата на Челси е доволна препорака сама по себе. Возбуден сум што ќе бидам дел од иднината на клубот и што ќе помогнам во натамошниот раст и влијание на женските спортови. Ова е приказна за амбиција, наследство и подигање на играта на повисоко ниво. Напред Челси!“, порача Антетокунмпо преку социјалните мрежи.

Адетокумбо зад себе има импресивна НБА кариера, шампион и МВП на финалето во 2021 година, како и двократен МВП на регуларната сезона. Во меѓувреме, женскиот тим на Челси се наоѓа на третото место на табелата во англиската лига со освоени 27 бода.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×