117
Екипата на Челси денеска славеше над Вулверхемптон со 3-1, а херој беше Кол Палмер кој постигна три гола уште во првото полувреме.
Палмер го отвори резултатот со гол во 13-тата минута, а потоа во три минути во 35. и 38. минута постигна уште два гола за да комплетира хет-трик во првите 45 минути.
За ѕвездата на Челси ова беше третпат во Премиер лигата да постигне хет-трик во едно полувреме и стана првиот фудбалер на кого тоа му успеало.