Драма во Серија А: Наполи со фудбалер помалку и гол од пенал во 95 минута ја победи Џенова (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Фудбалерите на Наполи со многу проблеми, но сепак успеаја да слават над Џенова со 3-2.

Проблемите за избраниците на Конте почнаа уште по три минути игра кога Малиновски погоди од пенал.

Наполи набрзина во две минути во 20-тата и 22-та со головите на Хојлунд и Мектоминеј направи целосен пресврт. Со тој резултат се замина и на паузата.

На стартот од второто полувреме веројатно поради повреда мораше да биде повлечен Мектоминеј, а на негово место влезе Џовани.

За израмнување се погрижи Коломбо в 57-та минута. Наполи остана и со фудбалер помалку откако исклучен беше Хуан Хесус на 15 минути пред крајот. Одлучувачкиот момент се случи во последните моменти од средбата.

По ВАР реакција, Наполи доби пенал кој во гол го претвори Расмус Хојлунд во 95-тата минута. Eлиф Елмас беше на теренот од првата минута и го одигра цел натпреевар.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×