Неверојатно, но вистинито: Поради проблем со тревник е одложен меч од Ла Лига во Мадрид!

by 24 фудбал
0 минути читање

Нема фудбал во Мадрид попладнево. Натпреварот меѓу Рајо Ваљекано и Реал Овиедо од 23 коло во Ла Лига е официјално одложен.

Организаторот проценил дека теренот не ги исполнува неопходните гаранции за одигрување во безбедни услови. Временските неприлики и прогнозата за дополнително влошување биле клучни за ваквата одлука.

Средбата требаше да стартува во 14:00 часот, а новиот термин ќе биде соопштен дополнително.

Неверојатно, но вистинито е дека поради проблем со тревник се одложи натпревар од Ла Лига. Вакви работи обично не се случуваат во најсилните лиги на светот, а се потипични да речеме за Балканот или Македонија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×