Македонскиот интернационалец Агон Елези беше стрелец во триумфот на Сараево против Радник Бијелина од 2:0 во шампионатот на Босна и Херцеговина.
Елези одлично се снајде во шеснаесетникот и со прецизен удар го отвори резултатот во 19 минута, носејќи му предност на домашниот состав. Во вториот дел победата ја завери Лука Менало.
Цел натпревар во победничкиот тим одигра Стефан Ристовски, додека кај гостите од клупата настапи Иван Николов, кому ова му беше деби во новата средина.