Вардар се комплетира со новајлиите во Скопје, мисијата е јасна: Напад на титулата! (ФОТО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Фудбалскиот клуб Вардар се комплетира во Скопје во пресрет на стартот на втората полусезона во ПМФЛ.

Есенскиот шампион во мак-фудбалот направи неколку промени во ростерот. Пет нови имиња пристигна во таборот на „црвено-црните“. По подготовките во Турција, сега Гоце Седлоски во тренинг центарот во Хиподром го имаше целиот тим на располагање.

Играчите со репрезентативно искуство Дарко Велковски и Бобан Николов се ставија во функција на тимот. Освен нив, тука се новите аргентински крила Хоакин Торес и Иан Пулехо, како и Стефан Цветковиќ кој дојде од српската Суперлига.

Вардар в сабота во 14:00 часот на стадионот „Никола Мантов“ ќе одигра хуманитарен натпревар за жртвите во страшниот пожар во Кочани против домаќинот Осогово. Средствата од билетите ќе бидат донирани.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×