Фајза Ламари, позната како агентка и мајка на Килијан Мбапе, годишно заработува околу 4,5 милиони евра нето, сума која ги надминува платите на неколку фудбалери на Реал Мадрид, меѓу кои Раул Асенсио, Андриј Лунин и Брахим Дијаз, меѓутоа медиумите пишуваат дека сакала и повеќе.
Според португалскиот весник „А Бола“, Ламари има фиксен договор со својот син и целосно управува со неговиот приватен, деловен и финансиски живот. Таа имаше и клучна улога во правниот спор со Пари Сен Жермен, поврзан со неисплатени плати кон Мбапе.
Во едно интервју, Ламари открила дека на почетокот побарала од синот да добива половина од неговата заработка. Мбапе, пак, јасно ѝ одговорил:
„Нема да ти дадам половина! Јас ги давам головите, како можеш да очекуваш 50 отсто?“
На крајот тие потпишале договор за 30 отсто од приходите, со услов дека нема да работи за него доколку процентот се намали под оваа граница.