Јамал влезе во одлична форма, а причина можеби е совет кој неодамна го добил!

by Стефан
1 минути читање

Ламин Јамал oдлучи на одреден период целосно да се повлече од социјалните мрежи со цел максимално да се фокусира на фудбалските обврски.

По сензационалниот почеток на сениорската кариера, Јамал влезе во помала криза, по што доби совет од стручњац најпрво значително да го намали користењето и активноста на социјалните мрежи, а доколку е потребно, и целосно да ги стави во мирување на извесно време.

Овој потег вроди со плод. Шпанскиот фудбалер со африканско потекло во последниот период ја намали активноста на социјалните мрежи и комерцијалните ангажмани, а паралелно со тоа влезе во фантастична форма.

Младиот крилен офанзивец на Барселона на последните шест натпревари има најмалку гол или асистенции при што постигна пет голови и забележа две асистенции.

Како што пренесува „Ел Чирингито“, Јамал веќе драстично ја намалил активноста на интернат, а планира на одредено време и целосно да се повлече. Секако, не станува збор за трајна одлука, туку за чекор со цел целосно да се посвети на настапите во дресот на Барселона.

Оваа сезона, Јамал има учинок од 14 голови и 13 асистенции во сите натпреварувања за каталонскиот клуб.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×