Во Милан ги загрижува ситуацијата на Модриќ!

by riste
1 минути читање

Лука Модриќ ги воодушевува навивачите на Милан со својата форма, неговите игри се многу значајни за тимот, но нејасно е дали Хрватот ќе стави потпис на нов договор.

И покрај тоа што има 40 години, Модриќ стартуваше на 21 од 23 меча, сакаше да игра и на тие два, но Алегри реши да го одмори.

„Калчомеркато“ има статија со наслов „Милан е нервозен поради иднината на Модриќ. Ништо не се знае“. Во текстот пишува дека Модриќ и во победата над Болоња бил клучен играч, а договорот му истекува во јуни, навивачите чекаат добри вести од Хрватот, но засега нема ништо“.

Милан сака да го продолжи договорот со Модриќ на уште една сезона, се очекува тоа и да се случи доколку играат во Лигата на шампионите, но засега нема ништо конкретно.

Меѓу навивачите владее загриженост, но и надеж за добри вести наскоро, а тие се дека Модриќ ќе остане.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×