Голманот на Барселона со еден потег потсети на легендарна сцена од познат филм во регионот (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Фудбалерите на Барселона го потврдија пласманот во полуфиналето на Копа дел Реј со победата од 2-1 на гостински терен против Албасете, во натпревар кој Каталонците го контролираа онака како што и се очекуваше. Иако домаќинот се обиде да внесе неизвесност, фаворитот без поголеми проблеми го приведе мечот кон крај.

Сепак, дуелот нема да се памети само по резултатот. Еден необичен момент од средбата предизвика бурни реакции, особено кај публиката од регионот, која веднаш направи паралела со култната сцена од филмот „Кога ќе пораснам ќе бидам кенгур“. Во тој филмски класик, голманот по одбранет пенал сам си постигнува гол, носејќи ја топката во раце во сопствената мрежа.

Нешто слично, барем на прв поглед, се случи и во Албасете. Голманот на Барселона, Жоан Гарсија, во една акција сигурно ја фати топката, но потоа, додека ја држеше во рацете, се движеше наназад и ја помина гол-линијата, излегувајќи надвор од теренот. Причината беше неговиот соиграч Араухо кој се жалеше на повреда.

За среќа на Гарсија и Барселона, тој не ја помина гол-линијата туку излезе надвор од голот, па така Албасете доби само корнер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×