21
Албасете не успеа да направи уште една сензација, овојпат загубија од Барселона со 1-2, каталонскиот тим се пласираше во полуфиналето на Купот на Шпанија.
Албансете неодамна беше во фокусот на вниманието откако го победи Реал Мадрид и го исфрли од шпанскиот куп.
Ждрепката им го даде и другиот најдобар тим во Шпанија, денеска играа против Барселона, но каталонскиот тим не дозволи да им се случи она што го снајде Реал.
Барса поведе со гол на Јамал на пет минути пред крајот на првото полувреме, а во 56. минута Араухо зголеми на 2-0.
Во 87. минута Морено намали на 1-2 и даде каква таква надеж за Албасете, но домаќинот немаше сила да изедначи и мораше да се помири со пораз.