Кулминација на хаосот во Лацио, Ромањоли не сака да тренира

by 24 фудбал
1 минути читање

Ситуацијата во Лацио станува сè понапната, а во центарот на вниманието се најде Алесио Ромањоли. Италијанските медиуми информираат дека искусниот дефанзивец одбил да тренира со екипата, со јасна намера да изврши притисок и да го забрза неговото заминување во катарски Ал Сад, клуб предводен од Роберто Манчини.

Ромањоли не се појавил на последниот тренинг на римскиот тим, а клубот засега не излегол со официјална причина за неговото отсуство. Според пишувањата, фудбалерот веќе има постигнато целосен договор со Ал Сад за тригодишна соработка вредна 18 милиони евра.

Ромањоли во саботата дури и се прости со дел од навивачите, што дополнително ги засили шпекулациите дека трансферот е завршена работа. Сепак, само еден ден подоцна Лацио неочекувано реагираше и со официјално соопштение ја стопираше реализацијата на зделката. Ова сè дојде по јавната реакција на Маурицио Сари кој кажа дека ако замине и Ромањоли, Лацио ќе се бори за опстанок.

Зимава од Рим заминаа носителите на играта Валентино Кастељанос и Матео Гендузи, па релациите меѓу Сари и првиот човек Клаудио Лотито не се сјајни.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×