Последното коло во Лига Европа не донесе многу драма, Лион и Астон Вила со победи ги потврдија првите две места, Рома на мускули влезе во топ 8, а вечерта ја одбележа фантастичниот волеј на Сандро Лаупер.
Синоќешните натпревари во Лигата на шампиони донесоа драма каква што ретко се гледа, голманот Турпин погоди во 98. минута и ја однесе Бенфика во шеснаесфинале за една од поубавите фудбалски приказни.
Последното коло во Лига Европа беше полно со возбуда, но ја немаше драмата од вчера.
Лион и Астон Вила со победи над ПАОК, односно Салцбург, ги потврдија првите две места на табелата.
Рома на мускули влезе во топ 8, „волчицата“ со играч помалку се избори за бод на гостувањето кај Панатинаикос, а директно во осминафинале одат уште Митјиланд, Бетис, Порто, Брага и Фрајбург.
Во плеј-офот ќе играат Генк, Болоњаа, Штутгарт, Ференцварош, Нотингем Форест, Плзен, Црвена Звезда, Селта, ПАОК, Лил, Фенербахче, Панатинаикос, Селтик, Лудогорец, Динамо Загреб и Бран.
Вечерта ја одбележа дефанзивецот на Јанг Бојс, Сандро Лаупер кој од врвот на шеснаесетникот закачи страшен волеј, подобро и да сакаше не можеше да шутне, и погоди во аголот за 2-2.
Овој резултат го носеше Јанг Бојс во плеј-оф, но Штутгарт во 90. минута стигна до 3-2, па Јанг Бојс извиси, а Бран се протна како 24-то пласиран.
Нашиот Бојан Миовски и Ренџерс со пораз од 3-1 на гостувањето кај Порто го завршија настапот во Лига Евроа, Македонецот доби половина час на „Драгао“.