205
Роџерс Мато од денеска и официјално е фудбалер на Хартс откако шкотскиот клуб и Вардар се договорија тој уште сега да се пресели таму.
Мато до крајот на сезоната ќе игра како позајмен фудбалер од Вардар, а потоа ќе се активира неговиот тригодишен договор со Хартс кој претходно беше потпишан.
„Задоволство е да се биде тука, ми се оствари сонот со трансферот во Хартс, сите веднаш ме прифатија. Се чувствувам како дома, спортскиот директор има визија иста каква што имам и јас. Се радувам и на настапите пред наввивачите. За шкотскиот фудбал разговарав и со моите соиграчи од репрезентацијата, имаа само пофални зборови“, изјави Мато.