Вардар во текот на денот треба да потпише со две засилувања, Дарко Велковски се враќа во старото јато, а црвено-црниот дрес ќе го носи и крилниот играч од Србија, Стефан Цветковиќ.
Вардар потврди дека е постигнат договор со Дарко Велковски и Стефан Цветковиќ, а во текот на денот соработката треба да се официјализира.
Велковски во Вардар доаѓа како слободен играч откако ја раскина соработката со босанскиот тим, Зрински.
30-годишниот Велковски за Вардар играше од 2015 до 2018 година, од каде замина за Ријека, а во странство играше и за Ал-Етифак, Динамо Букурешт, Ниреѓихаза и Зрињски.
Денеска потпис со Вардар ќе стави и 28-годишниот Стефан Цветковиќ кој доаѓа од екипата на Железничар Панчево. Се работи за офанзивен фудбалер по левата страна.
Цветковиќ бил супер талент на Црвена звезда, а во Србија играл за неколку екипи, Графичар, Бачка Топола, Металац, Раднички Ниш, во странство настапувал за РФС Рига.
Во овој преоден рок Цветковиќ имал понуда и од Сараево, но се одлучил за Вардар.