31
Екипата на Комо е најпријатното изненадување во Италија, момците на Сеск Фабрегас ја победија и Фиорентина на нејзин терен во куп меч.
Виолетовите почнаа добро, со гол на Пиколи уште во седмата минута дојдоа до водство од 1-0.
Во 20. минута Роберто го изедначи резултатот на 1-1. Така се замина на полувремето.
По 15 минути игра во вториот дел Нико Паз погоди за комплетен пресврт и водство на Комо од 2-1.
А конечните 3-1 ги постави Алваро Мората во 91. минута.