45
Ѕвездата на Челси, Кол Палмер не е среќен на Стемфорд Бриџ и би можел да направи трансфер по крајот на сезоната.
Според „Сан“ сака да се врати во својот роден град, Манчестер и е отворен за трансфер во Јунајтед за кој навива од детството и покрај тоа што бил член на Манчестер Сити.
Наводно Палмер треба да биде замена за Бруно Фернандеш кој би заминал во летниот преоден рок. Но постои опција и да дојде во случај капитенот на Манчестер Јунајтед да остане на Олд Трафорд.
Палмер не сака да се врати во Сити додека таму е Пеп Гвардиола, а сака да се врати во градот Манчестер, па токму затоа Јунајтед е прва опција.